ЕУ ја прими Нобеловата награда

Од:

Нобеловата награда за мир за 2012 година денеска во Осло и беше врачена на ЕУ заради улогата во преобразувањето на Европа од „континент на војна во континет на мирот“.

Претседавачот на Нобеловиот комитет Торбјорн Јагланд наградата им ја врачи на тојцата лидери на ЕУ – претседателот Херман ван Ромпуј, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц. Јагланд наведе дека Унијата занчително придонела „еден континент на војна да стане континент на мир“.

Тој потсети дека во војните и екстремистичките движења во минатиот век во Европа настрадале 80 милиони луѓе.

– Заедно мораме да се погрижиме да не го изгубиме тоа што го изградивме врз урнатините од двете светски војни. Мирот не смее да се зема здраво за готово. Мораме за него да се бориме секој ден, посочи Јагланд.

Претставниците на ЕУ истакнаа дека ќе „останат со еврото“, додавајќи оти единствената валута е еден од најсилните симболи на единството во историјата на европскиот блок.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он