„Народно движење за Македонија бара сите активности околу формирањето на нова влада да бидат прогласени за неуспешни, сеалбанската платформа да биде ставена во аут и веднаш да бидат распишани нови избори.
Во услови кога меѓупартиските обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за прашања од витален национален и државен интерес наместо да стивнуваат се повеќе се заоструваат, распиштување на нови избори е најприфатливо решение за длабоката криза во која е заглавена земјата.
За НДМ и народот изборите се во интерес на Македонија, бидејќи и во случај СДСМ да формира влада, уште од сега е јасно дека една таква влада чие тенко мнозинство ќе зависи од албанските партии нема да биде воопшто функционална и ќе биде предмет на постојани уцени на штета на националните и државните интереси.
Односно, како би функционирала една претпоставена влада со премиер Зоран Заев кога неговите коалициски партнери од Алијансата за Албанците на отворена сцена кажуваат дека не ги признаваат Македонците и Заев како Македонец и дека нема да стојат до Заев како премиер ако има државни обележја: македонскиот грб, знаме и химна.
Затоа, НДМ повикува на одговорно однесување и силно ги охрабрува Груевски и Заев да го прифатат предлогот на НДМ и ајде сите на избори, дотолку повеќе, токму НДМ има полн легитимитет да бара нови избори бидејќи на последните избори на 11 декември Листите на НДМ за избор на пратеници беа тргнати како резултат на политиката и политичките сценарија“, се вели во соопштението на НДМ.