Патници го вадеа автобусот од кал, од Прилеп до Скопје патуваа седум часа

Од:

Седум часа траеше патувањето на студенти, деца и други прилепчани кои во неделата вечерта во 18 часот тргнаа од Прилеп кон Скопје со автобус на „Пелагонија транс”.

Сообраќајот на автопатот кој води од Градско кон Велес и Скопје беше прекинат поради шлепер која се извртел на коловозот и го прекина сообраќајот.

Колони од возила чекаа да се отстрани шлеперот од патот, за да се регулира сообраќајот.

Откако сканиата беше отстранета од патот автобусот не можеше да тргне поради голомразица на патот на којшто немаше фрлено ниту сол, ниту песок.

Кога автобусот тргна, се заглави во снегот и калта покрај автопатот и не можеше да излезе неколку часа. Бидејќи на патот ги немаше службите на Македонија пат, ниту од Автомото сојузот патниците беа приморани да да излезат и сами да го туркаат автобусот за да излезе од калта.

По неколку неуспешни обиди, конечно дојде возило на Македонија пат, кое фрли песок и околу тркалата на автобусот и на автопатот, па на полноќ автобусот тргна кон Скопје.

Директорот на Македонија пат, Гајур Кадриу за Макфакс изјави дека три камиони постојано минувале по автопатот и фрлале и песок и сол но биле спречени поради сообраќајка којашто се случила околу 20 часот кога камион шлепер кој најверојатно имал летни гуми и возел без опрема се излизгал и го попречил сообраќајот.

Според информациите од полицијата, сообраќајка имало и кај село Ногаевци кога камион излизгал од патот, а во него се судрил автомобил. Во оваа сообраќајка повредени биле вкупно четворица патници.

Сообраќајка синоќа се случила и во 19.45 часот кај Градец, од Демир капија кон Удово. Два камиони со приколки излетале од патот. Возачите на камионите се полесно повредени.

Од Македонијна пат предупредуваат, да се вози со соодветна зимска опрема и тврдат дека имаат доволно сол и песок за зимава.

Makfax

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска