Лидерот на Движењето за Реформи – ДПА, Зијадин Села и генералниот секретар Арбен Таравари денеска биле поканети и присувствуваа на работна средба во Германската Амбасада во Скопје.
Села ги информирал високите претставници на Германската Амбасада за политичката ситуација во Македонија и можноста за надминување на овој политички момент и побрзо креирање на Реформистичката Влада.
Зијадин Села деновиве имал интензивни средби речиси со сите амбасадори на ЕУ и САД, кои се информирани за понатамошните чекори на политичкото делување на Алијансата за Албанците, соопштуваат од Движењето за реформи ДПА.
Тема на дискусија била и платформата на албанските политички партии, како важен елемент за европската перспектива на интеграцијата на Македонија, која се очекува да биде дел од програмата на идната влада, и која реално ги одразува реалните барањата на албанските гласачи кои гласале за нивните политички субјекти.