Орав: Човековите права се секогаш високо на листата на приоритети на ЕУ

Од:

Човековите права се секогаш во фокусот на ЕУ и тоа ќе остане така. ЕУ посветува големо внимание на човековите права внатре, но и надвор од Унијата. ЕУ има 142 делегации во рамки на службата за надворешни работи ширум светот, а човековите права се високо на листата на приоритетите на овие одделенија.

Ова го нагласи евроамбасадорот Аиво Орав денеска во обраќањето по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права и Нобеловата награда за мир доделена на ЕУ.

– Изборите се само првиот чекот на патот надемократијата и човековите права. Вашата земја е кандидат за членство во ЕУ и се подразбира само по себе дека земја – кандидат треба да ги почитува човкоевите права, рече Орав, на одбележувањето на Денот на човековите права што оваа година се прославува под мотото „Инклузија, вклученост и право на секого да учествува во јавниот живот“.

Оваа година, нагласи тој, е многу значајна за ЕУ, затоа што е усвоена и стратегијата за човекови права, а именуван е и специјален пратеник за човекови права.

Евроамбасадорот Орав истакна дека многу е важна и улогата на невладините организации во сферата на човековите права и во таа насока, потенцира, високо ја почитува улогата што ја имаат НВО во земјава.

Орав денеска ги додели и грантовите за 2012 година во рамки на Европскиот инструмент за демократија и човекови права и тоа на Институтот за развој на заедниците-Тетово, кои ќе работат на зајакнување и инклузивноста на немнозинските заедници и Агенцијата за регионален развој на пелагопнија „Преда“ за зајакнување на граѓанското општество во развој и имплементација на јавните политики. Грантови добија и „Полио плус“ за целосна инклузија и зајакнување на учеството на лицата со посебни потреби во општеството, Македонскиот центар за ресурси кој ќе работи на инклузија на неформалните центри за собирање отпад, МИМ ќе работи на зајакнување на соработката меѓу граѓанските асоцијации и медиумите во областа на човековите права и слободата на изразувањето, женската граѓанска иницијатива „Антико“ со цел да се придонесе кој зголемување на активизмот  на младите во мултикултурализмот, како и „Мост“ за оспособување на младите за остварување на нивните избирачки права и слободи.

Евроамбасадорот Орав потсети дека денеска на свеченоста во Осло ќе им биде доделена Нобеловата награда за мир на лидерите на ЕУ.

Во однос на коментарите дека можеби ЕУ не ја заслужува Нобеловата награда за мир, Орав укажа дека многу е важно да се потсетиме зошто е создадена ЕУ.

– Најголемите светски војни започнаа токму во Европа, меѓу најголемите европски сили. Франција и Германија денес работат заедно во институциите на ЕУ и клучен збор во сето тоа е помирување, појасни меѓу другото евроамбасадорот Орав.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он