За денеска е закажана седницата на Советот на јавни обвинители која без причина претседателот на Советот Петар Аневски ја откажа во вторникот. На седницата треба да се разговара за однесувањето на обвинителките од СЈО, Катица Јанева и Фатиме Фетаи на рочиштето за нарачаните шамари во Центар каде заработија парична казна од по 2000 евра.
Аневски минатата недела најави дека исто така ќе се дискутира за повлекување на обвинението „Пуч“, предметот „Сопот“, а можно е да се разгледува претставката од судијката Татјана Михајлова.