Намален бројот на мигранти во прифатниот центар во Гевгелија

Од:

За нецел месец бројот на мигрантите во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија е речиси преполовен, информираа денеска од раководството на кампот според чија евиденција има останато само уште 36 мигранти.

Според податоците на граничната полиција, 10 од мигрантите се мажи, 15 жени и 11 се деца. Другата половина од мигрантите кои беа во кампот во Гевгелија од затворањето на „балканската рута“ се вратени назад на грчка територија по нивно барање и уверување дека сакаат да се вратат дома.

Информацијата од граничната полиција потврдува дека ситуацијата на јужната граница е стабилна и мирна и дека на котата 59 од каде што бегалците доаѓаа на наша територија, моментно нема мигранти, поради што е празен и надворешниот шатор на Хабитат.

При посетата на регионот пред два дена и министерот за одбрана Зоран Јолевски потврди дека ситуацијата на јужната граница со Грција никогаш не била помирна и дека многу е намален бројот на илегални обиди за нејзино преминување.

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло