СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ пред избори сака да распроде се по багателна цена

Од:

Скопје, 10.12.2012 година

Како што вчера објави А1он, денеска се реалзира намерата Советот на Општина Центар  да донесе одлука за спроведување на продажбата на земјиштето на инвеститорот, на која во моментов се сместени бараките на Општина Центар.

Оваа зделка се прави на штета на граѓаните на Центар.

Јован Тагасовски, координатор на Советничката група на СДСМ  во Општина Центар  ги изнесе следните  факти:

-Прво, атрактивниот простор во центарот на Скопје, со површина од 7.528 метри квадратни беше продаден за само 370 илјади евра. На ова место се предвидува да се изгради зграда со висина од 55 метри или 15 ката. Министерството за транспорт и врски го продаде земјиштето на Општина Центар по почетна цена од само 2800 денари, додека почетната цена за ист ваков објект во Аеродром беше двојно поголема и изнесуваше 5000 денари.

=Второ, согласно условите за продажба од новиот објект, 51% со површина од 17 000 метри квадратни ќе биде наменет за локалната администрација на Општина Центар, додека преостанатите 49%, или околу 14 000 метри квадратни ќе ги користи инвеститорот за деловни објекти.

-Трето, покрај ниската цена која ја платил за парцелата, инвеститорот е ослободен и од плаќањето на комуналиите за бруто изградена површина од 31 000 метри квадратни.

-Четврто, од материјалите кои ни се доставени за денешната седница на Совет, не може точно да се утврди под кои услови и во која фаза и состојба  инвеститорот ќе биде обврзан да го предаде новоизградениот објект на Општина Центар.

-Петто, наместо после оваа зделка Општина Центар да добие целосно изграден и подготвен за вселување, нов административен објект, со право се сомневаме дека општината ќе мора да потроши уште дополнителни 3 до 5 милиони евра народни пари за да целосно ја оспособи новата општинска зграда.

СДСМ прашува зошто Општината Центар се откажа од можноста самата да управува со неизграденото државно земјиште? Зошто токму сега, на неколку месеци пред одржувањето на локалните избори, градоначалникот Тодоровиќ и ВМРО ДПМНЕ се одлучија на ваква скандалозна продажба?

„Јасна е намерата на централната и локалната власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, непосредно пред избори да распродат се што им остана нерпродадено, и тоа по багателна цена.Откако на граѓаните во Центар , буквално, им го одзедоа, секој слободен простор, ги исекоа дрвјата, го уништуваат зеленилото и парковите за мегаломански барокни зданија, сега и овде сакаат да изградат нов “кинески sид“.СДСМ нема да ја гласа одлуката за спроведување на оваа скандалозна продажба. Ги повикуваме градоначалникот Тодоровиќ и советниците на ВМРО ДПМНЕ да се откажат од своите намери да направат уште еден зулум на граѓаните пред да си заминат од власта“, рече  Јован Тагасовски.

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ