Романски и американски војници во воено-воздушна база во романскиот округ Констанца извршиле вчера заеднички вежби во рамки на операцијата Атлантска одлучност.
Во вежбите на кои било симулиран напад по копно, биле вклучени и три хеликоптери Блек хоук. Минатата недела во базата пристигнаа осум хеликоптери Блек хоук и 50 американски војници.
Вкупно 86 хеликоптери и 2.200 војници се распоредени во источното крило на НАТО како дел од операцијата Атлантска одлучност.