Средба на министерот Лутфиу со делегација од ИХРА

Од:

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска имал средба со делегација на Меѓународната организација за паметење на холокаустот (ИХРА) предводена од амбасадорот Јан Дебоут.

На средбата Лутфиу бил информиран за активностите поврзани со одбележување на годишнината од депортирањето на македонските Евреи од Скопје, Битола и Штип во концентрационите логори, во март 1943 година.

Како што соопшти МОН, Лутфиу бил информиран и за активностите кои ги презема Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје во однос на образованието и соработката со локалните училишта за едукација на учениците и нивна сензибилизација за периодот на холокаустот и депортирањето на Евреите во логорите на смртта, со цел да се извлече поука за тоа како не треба човекот да се однесува во иднина.

Министерот Лутфиу ги поздравил активностите и ги информирал гостите од ИХРА дека веќе постои добра соработка помеѓу МОН и Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје во областа на образованието и дека секоја година се одржуваат семинари со наставниците по предметот историја.

Во делегацијата била и Андреа Шоњи, член на ИХРА од Унгарија, а присутни на средбата биле и Јован Теговски од МНР и Игор Јуруков, советник во Бирото за развој на образованието.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март