Реконструирана улицата „Орце Николов” во Демир Капија

Од:

Заврши реконструкцијата на улицата “Орце Николов” во Демир Капија, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при демиркаписката општина. Појаснија дека реконструкцијата опфати тампонирање, поставување бетонски ивичници и асфалтирање на коловозот.

– Јавното комунално претпријатие „Бошава” претходно изврши поврзување на водоводната мрежа со новиот водовод, со цел поквалитетно снабдување на населението со вода за пиење. Покрај ова, на дел од улицата се постави и атмосферска канализација, соопштиjа од Службата за информирање при локалната самоуправа.

Оттаму наглсија дека продолжуваат инвестициските зафати од областа на комуналната сфера во општината.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван вчеравечер во Демир Капија

Починат српски државјанин пронајден во Демиркаписко, телото на обдукција

Притворен маж од Демир Капија, сопругата го пријавила за физички напад

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он

Маж загина на кров од вагон кај Демир Капија

Од утре изменет сообраќаен режим на делницата Демир Капија – Неготино поради градежни активности