Кина изрази подготвеност да стане посредник во помирувањето меѓу Саудиска Арабија и Иран, ако двете страни се согласни, изјави на прес конференција кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
– Се надеваме дека Саудиска Арабија и Иран ќе може да ги надминат несогласувањата со размноправни консултации во пријателски дух, изјави Ји.
Според него, Кина е пријател и на двете држави така што „ако побараат Кина може да биде во улога на посредник“.