ЕУ со дополнителни 30 милиони евра за бегалците од Сирија

Од:

Европската унија ќе обезбеди дополнителни 30 милиони евра како хуманитарна помош за луѓето раселени од конфликтот во Сирија.

– Хуманитарната ситуација се влошува од ден во ден како што настапува зимата. Повеќе од 1,2 милиони луѓе се раселени во Сирија и речиси половина милион се надвор од границите на државата, во Либан, Јордан, Турција и Ирак, изјави Кристалина Георгиева, европски комесар за хуманитарни прашања.

Помошта ќе биде за здравствена заштита, привремени живеалишта, храна, вода за пиење и предмети за домаќинствата, соопшти ЕК. Европските држави досега донираа повеќе од 300 милиони евра за хуманитарна помош за Сирија.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп