Познат распоредот за кошаркарската Супер лига

Од:

Првиот дел од македонскиот кошаркарски шампионат заврши со 14. одиграно коло изминатиот викенд со што се одреди и финалниот пласман на клубовите на табелата.

Фени Индустри го заврши првиот дел од сезоната на првото место на табелата, со само два порази. Второпласиран е Работнички, вицешампионот Куманово е на третото место на табелата додека Кожув е последниот учесник во Супер лигата по пласман од првиот дел на сезоната. На овие четири екипи ќе им се приклучат бранителот на шампионската титула МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи, тимови кои се натпреварува на два меѓународни фронта – АБА лига и Еврокуп односно АБА лига и БИБЛ лига.

На ждрепката одржана во просториите на Македонската кошаркарска федерација беа одредени броевите на МЗТ Скопје Аеродром и на Карпош Соколи, а потоа се одреди и распоредот на натпревари во Супер лигата.

Супер лигата ќе стартува на 11 март, а двојките за 1.коло се:

МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри,
Карпош Соколи – Работнички и
Куманово – Кожув.

Ќе се играат вкупно десет рунди по што најдобрите четири екипи продолжуваат во полуфиналето од разигрувањето за титулата.

Во првото коло од плеј-аутот каде настапуваат екипите кои се борат за опстанок се среќаваат:
Струмица – Вардар и
Пелистер – Охрид.

И овие натпревари се закажани за 11 март.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ