Унгарскиот парламент денеска одобри автоматско притворање на сите баратели на азил во камповите во јужниот пограничен појас на земјата.
– Законот, за кој гласаа мнозинството унгарски пратеници, е усвоен како одговор на неодамнешните терористички напади во Европа, кои беа извршени од мигранти, изјавил унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Сите баратели на азил, кои влегуваат во Унгарија, како и оние кои моментно се наоѓаат во земјатра, ќе бидат притворени и префрлени во кампови и нема да им се дозволи да се движат низ државата за време на разгледување на нивното барање.