Британски ловци приземјиле приватен романски авион

Од:

Два авиони на британското Кралско воено воздухопловство (РАФ) пресретнале и на аеродромот во Бирмингем приземјиле романски приватен патнички авион во кој се наоѓале само тројца членови на екипажот, соопшти Министерството за одбрана во Лондон.

Во соопштението се вели дека двата авиони од типот „Тајфун“ полетале од воената база во англиската област Линколншир по објавената тревога дека кон Бирмингем се приближува авион, со кога била загубена комуникацијата.

По приземјувањето на авионот, пистата на тамошниот меѓународен аеродором била затворена извесно време.

Еден авион кој требало да долета од Даблин бил пренасочен кон аеродромот во Источен Мидлендс.

Според објаснувањето на Министерството за одбрана, станува збор за „рутинска акција“; чија единствена цел е одбраната на британскиот воздушен простор.

Тревогата била прогласена откако аеродромот неможел да воспостави комуникација со леталото, што подооцна се утврдило како техничка грешка.

Романскиот авион „Сааб 340“ полетал од Букурешт на лет до Бирмингем.

Во текот на минатата година авионите на РАФ интервенирале во 12 ситуации, при што осум се однесувале на следење на руски воени авиони.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно