Австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка денеска изјави дека сака законски измени со кои говорите на странски политичари би биле забранети во Австрија доколку ги загрозуваат човековите права или би бил под закана јавниот ред.
Се претпоставува дека таквиот чекор би бил насочен кон турските политичари кои неодамна се обидоа да соберат гласови од дијаспората, а Германија забрани такви собири.
Соботка наведе дека нема да им дозволи на странските политичари во Австрија „да ги пренесат внатрешните тензии“.
Тој додаде дека предлог законот прво ќе биде доставен со правните експерти, а потоа до Владата.