Отворена осмата манифестација „Вечери на женски права“

Од:

Со проекцијата на документарниот филм „Сибирска љубов“ во режија на Олга Делане од Русија, синоќа во Младинскиот културен центар беше отворена осмата манифестација „Вечери на женски права“.

Годинава манифестација за отворена ја прогласи градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

– Нашата работа во иднина ќе биде насочена кон креирање град, како средина за живеење и работа, во кој мажите и жените ќе имаат еднакви можности за остварување на својот личен, професионален, приватен, интимен, духовен и културен потенцијал. Рамноправното учество на мажите и жените во семејството и во работниот живот заедно со рамноправното учество на мажите и жените во процесот на одлучување сметаме дека се предуслов и основа за развој на еден модерен град, потенцира градоначалникот Трајановски.

Тој потсети дека на „Вечерите на женски права“ се прикажуваат документарни филмови од поновата регионална и светска продукција на различни теми, поврзани со родовата проблематика кои се проследени со дебати инспирирани од филмовите. Дополнително програмата е збогатена со меѓународна изложба на слики на тема „Супер хероини“, работилници за стрип, фотографија, раскажување и форум театар.

По проекцијата на „Сибирска љубов“, се обрати и режисерката Олга Делане, која дискутираше за значењето на филмот и за нејзината инспирација за него.

„Вечери на женски права“ се организира од 2010 година. Секоја година се одржува во Скопје, на различни локации како МКЦ, Кинотека на Македонија, киното „Милениум“, Музеј на Град Скопје… „Вечери на женски права“ е резултат на соработката меѓу Град Скопје, UN Women, Институтот за родови студии при Филозофски факултет на „Универзитет Кирил и Методиј“-Скопје и Универзитет за аудио-визуелни уметности – ЕСРА од Скопје. Оваа година настанот е во организација на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје.

Би можело да ве интересира

Марш за женски права: Жените и девојките се соочуваат со колективна негрижа

Ана Ололовска

Марш за женски права во Скопје: „Не сакаме тава, сакаме права“

Ана Ололовска

По 13-ти пат „Вечери на женски права“ на повеќе локации во Скопје

Ана Ололовска

Проекција на три документарни филмови во Кинотека во рамки на „Вечери на женски права“

Ана Ололовска

Дванаесето издание на „Вечерите на женски права“ по повод Меѓународниот ден на жената

Ана Ололовска

Марш за женски права: Родовите стереотипи да се решаваат во семејството, образованието и во институциите

А1он