Македонија со четири млади тенисери ќе учествува на два шампионата во Анталија

Од:

Четири млади тенисери од Македонија заедно со селекторот Дејан Маринковиќ во следните две недели ќе бидат дел од двата шампионата за играчи до 14 години.

Македонија заедно со уште 16 други држави ќе биде дел од Источно- европските првенства за млади тенисери што ќе се играат во Анталија.

За Македонија ќе играат: Берк Бугариќ и Борис Мркев во машка конкуренција и двајцата членови на ТК „Југ“, а кај девојчињата ќе играат: Стефанија Кировска од ТК „Југ“ и Јана Стојанова од ТК „Теннис парк“- Скопје.

Натпреварите на првиот турнир почнуваат утре и ќе траат до 11 март, додека на 12 март е слободен ден. Вториот турнир ќе почне на 13 март и ќе трае до 17 март.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ