Австриски владини претставници ја критикуваа препораката на исламските лидери во земјата дека муслиманките по почетокот на пубертетот мора да носат шамија.
Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, кој ја извршува и должноста министер за интеграција, изјави дека таквиот став е „напад врз слободата и самоопределувањето на жените“.
Државната секретарка Мариа Дуздар наведе дека таквите ограничувања на слободата на жените е „неприфатлива“.
Австриските медиуму денеска ги објавија своите коментари на препораката на Исламската заедница. Верската организација тврди дека конечната одлука за тоа е на жените.
Австриската Влада забрани носење на зар, кој целосно го покрива лицето на жените во судници, училишта и други јавни места, а годинава им забрани на полицајките, судијките и јавните обвинителки да ја покриваат главата со шамија.