Надал и Ѓоковиќ ќе продолжат во понеделник

Од:

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе го продолжат финалниот меч на Ролан Гарос во понеделник во 13 часот, доколку повторно не врне дожд.

Надал го доби првиот и вториот сет со 6-4 и 6-3, а Новак успеа да го добие третиот со 6-2 и да поведе со 2-1 во четвртиот, кога мечот беше повторно прекинат поради дождот кој не престана да паѓа.

Ова е 33-от меѓусебен дуел на Шпанецот и Србинот, а од претходните 32, Надал успеал да добие 18 мечеви. И двајцата во финалето се борат за влез во историјата – Ноле би станал третиот тенисер во историјата кој успеал да освои четири Грен Слемови по ред, а Надал доколку триумфира, ќе ја освои седмата титула во Париз и ќе го престигне Бјорн Борг по бројот на титулите.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ