Американецот Сем Квери го победи шпанскиот тенисер Рафаел Надал со 2-0 во финалето на АТП турнирот во Акапулко, Мексико одиграно во раните утрински часови.
Квери го доби првиот сет со 6:3, додека вториот беше решен во тај-брејк со 7:3.
За Квери ова е деветти трофеј во кариерата и прв во Акапулко, воедно и прв Американец кој го освоил овој трофеј.
Надал во своето 103 финале на АТП турнир остана на 69 трофеи и на двата во Акапулко освоени во 2005 и 2013 година.
По триумфот во Мексико, Квери ќе забележи скок од 15-ина места на утрешната АТП ранг листа на која во моментов е на 40.позиција.