Прекоп на крстосницата меѓу „Партизана“ и „Московска“

Од:

Град Скопје соопшти дека утре и задутре ќе се извршуваат градежни работи – попречен прекоп, на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Московска“.

Прекопот, како што се наведува, се прави заради изведба на приклучок, а се работи во рамки на проектот за изградба на нов фекален колектор по должината на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од булеварот „8 Септември“ до улицата „Московска“.

Од Град Скопје ги повикуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација и своето движење да го приспособат на условите на теренот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош