„Народно движење за Македонија и македонскиот народ се длабоко навредени, понижени и засрамени од отвореното мајтапење на Али Ахмети со Никола Груевски и Зоран Заев.
Јавноста е сведок дека двегодишната криза во која е заглавена земјата започна за правда, правна држава и борба против криминалните индиции од политичките бомби на СДСМ заради што се формира дури и специјално обвинителство.
Наспроти ова, Али Ахмети успеа кризата од борба против криминал да ја претвори во борба за Сеалбанската платформа од Тирана за рушење на Македонија.
Меѓутоа, Али Ахмети по вчерашната средба со Фредерика Могерини глумеше лудило и порача дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не смеат кризата да ја претворат во етничка иако претходно токму Ахмети ја префрли кризата од криминален на етнички терен со што започна и да се мајтапи на отворена сцена со Груевски и Заев.
Оттука, што уште треба да се стори, за Груевски и Заев да се вразумат и заеднички да застанат на браникот на Татковината“, се вели во соопштението на НДМ.