Здружението за еднородителски семејства „Една може!” по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, од денеска до 7 март организира солидарен базар.
На базарот поставен во Скопје Сити Мол, ќе можат да се купат рачни изработки, уметнички дела и природна козметика изработени од членките на здружението. Купувајќи некој од производите се вреднува и поддржува трудот на членовите на оваа организација.
Здружението „Една може!“, е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓанки, самоиницијативно формирано со слободно здружување заради остварување на севкупна општествена грижа и третман на еднородителските семејни заедници и остварување на нивните економски, социјални, хуманитарни, здравствени, образовни и културни права.