Ѓоковиќ елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Акапулко

Од:

Австралискиот тенисер Ник Кириос го елиминира вториот светски рекет, Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето од турнирот во Акапулко.

Кириос кој е на 17.место на АТП ранг листата, одигра перфектен натпревар во кој оствари 25 асови, за на крајот во два сета да го совлада Ѓоковиќ кој во Мексико беше рангиран како прв носител.

Првиот сет донесе голема борба, во која беа одиграни максимални тринаесет сета, а откако Ѓоковиќ пропушти сет топка во тај-брејкот, Австралиецот го доби сетот со 7-6 (11-9 на поени).И вториот сет мина во ист ритам, а тој Кириос го доби со 7-5.

Во полуфиналето Кирјос ќе се сретне со Сем Квери, додека во второто полуфинале ќе играат Рафаел Надал, кој синоќа славеше лесна победа над Нишиока од 2-0 и Хрватот, Марин Чилиќ.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ