Викендов привремен сообраќаен режим на булеварот „Борис Трајковски“

Од:

Викендов на булеварот „Борис Трајковски“ ќе биде воведен привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Град Скопје информира дека привремениот сообраќаен режим е поради тоа што в сабота и недела ќе се изведуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булеварот „Борис Трајковски“. Прекопите ќе се изведуваат пред втората капија на фабриката ОХИС и кај семафорот во населбата Пинтија, во времетраење од 8 до 16 часот.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на коловозот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош