Сообраќајот отежнат, забрани за камиони на повеќе патни правци

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ Македонија се одвива во зимски услови и по влажни коловози, особено во западниот дел од државата, каде има врнежи од снег со среден интензитет.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Крак Маврово – Дебар, на планинскиот премин Стража на патот Гостивар – Кичево, како и на патиштата Струга – граничен премин Ќафасан, Кичево – Македонски Брод – Прилеп, а нормализиран е сообраќајот на патот Отешево – граничен премин Стење, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Поради многу ниски температури можни се подмрзнувања на коловозот, поради што се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. На повисоките планински и осојничави места има остатоци од снег кои го забавуваат движењето на возачите.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози