Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак е ослободен од обвинението за соучесништво во убиства на демонстранти во 2011 година, кога беше востание по кој тој беше соборен од власт, објави египетскиот весник „Ал-Ахрам“.
Со одлуката на Касацискиот суд се става крај на процесот што почна пред пет години.
Мубарак (88) се појави на процесот што се одржува во полициската академија во близина на Каиро. Неговото појавување беше прво откако почна повторното судење во ноември 2015 година. За време на 18-дневното востание беа убиени околу 900 демонстранти.