Двајца тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово – Гостивар

Од:

Две лица се тешко повредени откако „БМВ“ со тетовски регистарски таблички што го управувал И.А.(38) од Боговиње загубило контрола, излетало од коловоз и се превртело.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сообраќајката се случила денеска околу 14 часот и 10 минути на автопатот Скопје – Тетово – Гостивар во близина на Брвеничкиот надвозник.

– Од излетувањето и превртувањето, возачот и неговиот сопатник Р.Е.(46) од Камењане здобиле телесни и тешки повреди и со медицинско возило се пренесени во тетовската клиничка болница. Поради сериозноста на повредите на грбот, сопатникот ќе биде префрлен на скопските клиники, додека возачот е задржан на натамошно лекување во Тетово, изјави Јосифовски.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово. Се утврдува причината за сообраќајната несреќа. Засега се смета дека причина е неприлагодена брзина на патот.

Вкупната материјална штета се проценува на 200.000 денари.

Би можело да ве интересира

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција

Се преврте камион со бегалци, 18 мртви, меѓу загинатите се 10 деца

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски