Могерини во посета на Црна Гора

Од:

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини ја почна балканската турнеја со посета на Црна Гора, каде ќе се состане со највисоките државни функционери и ќе се обрати пред пратениците во Парламентот, во кој, според најавите нема да присустуваат пратеници на опозицијата.

Претставници на црногорската опозицијата потврдија за „Побједа“ дека опозициските пратеници нема да го прекинат бојкот на Парламентот, ниту кога во него ќе се обрати Могерини. Седницата на која ќе се обрати Могерини е закажана за 18:30 часот.

По седницата на Парламентот Могерини ќе разговара и со премиерот Душко Марковиќ, а претходно ќе се состане со претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, која денеска со посетата на Црна Гора ја почнува повеќедневната турнеја низ државите од Западен Балкан, порача дека реформите во секоја земја не се важни затоа што владите и ЕУ ги сакаат, туку затоа што тие можат да направат важна разлика во животите на голем број луѓе во регионот.

Во авторскиот текст за „Побједа“ Могерини порачува дека воведувањето на Западен Балкан во ЕУ е задача за оваа, а не за следната политичка генерација.

– Балканот е дел од Европа, секогаш бил, ниту една политичка граница не може да ја промени ова географска, историска и климатска реалност. Народите на Балканот се европски: тие заслужуват исти можности, иста заштита и права, како и сите други граѓани на овој континент, наведе таа.

За Могерини ЕУ нема да биде целосна се додека овој регион „во срцето Европа не биде обединет, како дел од заедницата на ЕУ“.

– Сите ние имаме интерес, мирот на Западен Балкан да биде неповратен, како и да се оствари општествен, економски и демократски напредок. Доколку тоа се случи напредокот кон членство во ЕУ исто така ќе биде неповратен Тоа е клучно колку за ЕУ, толку и за граѓаните и лидерите од Западен Балкан, вели таа.

Според неа за да се придонесе кон оваа цел ЕУ и нејзините држави-членки треба да соработуваат со сите земји во регионот.

– Затоа оваа недела ќе го посетам целиот регион на Западен Балкан, за да се состанам со лидерите и граѓаните во Подгорица, Сараево, Скопје, Белград, Тирана и Приштина. Сакав во рамки на ова патување да ги посетам сите шест градови, ова патување навистина да биде регионално, додаде Могерини.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба