Осмомартовски базар на домашни ракотворби од 6 до 8 март организира Занаетчиската комора Скопје во соработка со Здружението на сопственици на деловен простор во Градскиот трговски центар и АД ГТЦ.
Базарот по повод Денот на жената 8-ми март ќе се одржи во приземјето на Градскиот трговски центар Скопје и ќе биде отворен од 8 до 20 часот.