Стејт департментот повикува на брзо формирање влада

Од:

Стејт департментот преку пишано соопштение повторно повикува на брзо формирање влада во Република Македонија со цел да се стави крај на политичкта криза.

– Заедно со нашите НАТО сојузници и партнери во ЕУ, САД внимателно го следат процесот на формирање влада во Македонија, што уследи по парламентарните избори на 11 декември, 2016 година. САД ги повикуваат лидерите во Македонија, да формираат нова влада, без натамошно доцнење, и сето тоа да биде во согласност со Уставот и аспирациите на земјата за членство во Европската унија и НАТО, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Се нагласува дека формирањето на нова влада, посветена на владеење на правото и спроведувањето на потребните реформи, ќе помогне да се стави крај на политичката криза која сериозно го забави демократскиот и економски развој на Македонија, како и нејзината евро-атлантска интеграција.

– Соединетите Американски Држави ги повикуваат сите партии, интересите на Македонија и нејзините граѓани да ги стават над се, да имаат конструктивна соработка и целосно да ги имплементираат сите свои определби според договорот од Пржино, се нагласува во соопштението од Канцеларијата на вршителот на должност портпарол на Стејт департментот, Марк Тонер.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски