Општина Дојран го претстави урбанистичкиот план за Стар Дојран и Сретеново

Од:

Општина Дојран денеска јавно го претстави урбанистичкиот план за Стар Дојран и Сретеново кој во следните четиринаесет дена ќе биде изложен на увид на граѓаните на јавни места.

Урбанистичкиот план, како што беше посочено, освен на огласната табла во зградата на локалната самоуправа ќе може да се види на излогот на маркетот „Македонија“ во Стар Дојран и на излогот на маркетот „Виа Трејд“ во Сретеново.

Јавната анкета на урбанистичкиот план ќе трае до 15 март, период во кој заинтересираните физички и правни лица од подрачјето на опфат, преку анкетни листови кои се добиваат во општината ќе можат да ги достават своите писмени забелешки, предлози и мислења во однос на содржината на урбанистичкиот документ за Стар Дојран и Сретеново.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Колони, гужви и чекање на излезите за Грција и на влез од Србија

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран се прошири и на грчка страна

Грција испрати два „канадери“ и пожарникари да помогнат во локализирање на пожарот кај Дојран

Горан Наумовски

Ангов: Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час