Тезите на Бериша ја загрижуваат Европската Унија

Од:

Изјавите со националистичка реторика на албанскиот премиер Сали Бериша не се прифатени добро од страна на Брисел, оценува албанската телевизија Топ Ченел.

Телевизијата јави дека загриженост од изјавите на Бериша унијата ќе изрази во среда со еден амандман во резолуција на Европскиот Парламент. Според дипломатски извори, загриженост од таквите изјави се очекува да изнесе и од страна на министрите на ЕУ во извештајот за Албанија.

Истиот извор наведува дека во амандманот ке се повика „да нема веќе изјави кои се вперени против добрососедството во регионот”. Ако овој амандман се прифати и во заклуцоците на министрите, оценува Топ Ченел, тоа ќе фрли сенка во работата на досега најфалениот политичар од страна на ЕУ во однос на неговата политика во регионот.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски