Средба Величковски – Тимоние

Од:

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски денес се сретна со амбасадорот на Француската Република, Кристијан Тимоние.

На средбата беше разгледана тековната политичка состојба, а претседателот Ивон Величковски го реафирмираше ставот на Либералната партија дека евро-атланскиот и европскиот пат на Македонија оди заедно со владеењето на правото, остварувањето на правата на човекот и граѓанинот, и борбата со криминалот и корупцијата:

– Денес не е доволно да избираме меѓу стабилност и демократија, туку стабилноста на Македонија зависи од демократијата во земјата. Само формирање влада, без вистинско оспособување на институциите, без транспарентност и без што поширок општествен и политички консензус за клучните прашања, ризикува да не биде решение на кризата, туку вовед во нејзината следна етапа – оцени Величковски.

На средбата присуствуваше и претседателот на Комисијата за надворешна политика на партијата, амбасадорот Љупчо Арсовски.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска