Планирана доградба и надградба на ООУ „Тихомир Милошевски“ во Ново Село

Од:

Основното училиште „Тихомир Милошевски“ во Ново Село, општина Ѓорче Петров, според новиот план на Министерството за образование и наука, предвидено е да добие уште шест училници, училишна трпезарија и други помошни простории. Ова училиште се соочува со недоволен број училници што претставува голем проблем за нормално одвивање на наставата, која до неодамна се одвиваше и во три смени.

МОН планот за доградба и надградба на училиштето, МОН го достави до општинскиот сектор за урбанизам на разгледување.

– Со реализација на овој проект, кој се очекува да започне со реализира во теков на годинава, несомнено ќе бидат подобрени условите за редовна и дополнителна настава, слободни и воннаставни ученички активности и дневен престој, во ова училиште во с. Ново село, руралниот дел од општината каде што во последно време има голема миграција на население и населбата е скоро дупло поголема од пред 15–тина години. Во ова училиште сега учат повеќе од 530 ученици. Со изградбата на дополните шет училници ќе се овозможи и кабинетска настава, изјави директорката Анета Божиновска.

Покрај новите училници и дополнителни простории ќе биде заменет и дел од ентериерот во училиштето.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование