Земјотрес ја погоди североисточна Јапонија во регионот на Фукушима

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска североисточна Јапонија, во близина на нуклеарната централа „Фукушима-1“, соопшти јапонскиот Геофизички институт.

Не постои ризик од цунами. Земјотресот се случил во 16:49 по локално време во заливот на Фукушима, а тој е почувствуван и во Токио.

Поради прекин на електричната енергија, предизвикан од земјотресот и со цел проверка на железничките линии, беа сопрени супербрзите возови.

Засега нема податоци за жртви и за материјална штета.

Во нуклеарната централа „Фукушима-1“ не се регистрирани аномалии како резултат на земјотресот.

На 11 март пред шест години силен земјотрес ја погоди зоната и предизвика гигантско цунами, при што загинаа 18.500 лица и беше предизвикана нуклеарна катастрофа во „Фукушима-1“.

Во април минатата година имаше два силни земјотреса во регионот на Кумамото, во југоисточниот дел на земјата. Тие беа проследени во 1.700 вторични потреси. Педесетина лица загинаа, а штетите беа големи.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови