Македонска премиера на „Спасувајќи го Мес Ајнек”

Од:

Во Музејот на Македонија денеска од 14 часот премиерно пред македонската публика ќе биде прикажан „Спасувајќи го Мес Ајнек” (Saving Mes Aynak) – снимен во 2014-та и меѓу најпопуларните и најнаградувани документарни филмови во изминатите години.

Филмот го следи авганистанскиот археолог Кадир Темори и неговиот авганистанско-француски истражувачки тим во обидите за зачувување на еден од најзначајните археолошки локалитети и културни споменици на Блискиот Исток – Мес Ајнек, на кој му се заканува уништување со градењето на голем рудник за бакар. Локалитетот, со богати културни слоеви од преку 5000 години, важел за значаен будистички религиозен и рударски центар на познатиот трговски пат на свилата.

Документарецот е во продукција на Kartemquin Films од Чикаго и режиран од Брент Е. Хуфман, кој во својата богата кариера соработувал со низа познати медиумски куќи.

„Спасувајќи го Мес Ајнек” е добитник на наградата за најдобар документарен филм на The International Academic Forum во 2015 година, а бил прикажуван и на престижните меѓународни фестивали за археолошки филмови во Грција и во Франција.

Македонската премиера на филмот ја органиизра Студентското археолошко здружение „Аксиос” од Скопје, во соработка со Музејот на Македонија. Влезот за посетители е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Откриена тајната на американскиот претседател: „Спиеше со повеќе мажи отколку жени“

Предраг Петровиќ

Секс, лаги и скандали: На Нетфликс пристигна серија за веб-страница која растури многу бракови

Предраг Петровиќ

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Почна снимањето на документарецот за Еми Вајнхаус

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ