Прва фаза од проектот „Градиме мостови“ во Кичево

Од:

Дваесет деца од различни етнички заедници беа вклучени во работилницата „Дружење низ игра и дијалог“ во рамки на првата фаза од проектот „Градиме мостови“.

Активностите ги организираа основните училишта „Санде Штерјоски“ од Кичево и „Браќа Миладиновци“ од Струга, во соработка со невладината организација „Преродба“, со цел имплементација на мултијазичноста и изработка на повеќејазичен речник.

Покрај на своите јазици, децата Македонци, Албанци Роми и Турци при интеракцијата говореа и на англиски јазик.

– Идејата за овај проект беше да се имплементира мултијазичноста, да се измешаат националностите, да се добие една синхронизирана структура на ученици кои ќе работат заедно на изработка на повеќејазичен речник, рече Јасмина Кукунешоска, кординатор на проектот. Таа додаде дека главна цел на проектот е интеграција на децата од сите етнички заедници кои учат во овие две основни училишта.

Во рамки на овај проект предвидени се три средби. По организирањето на оваа, прва средба во Кичево, ќе следуваат уште две. Крајниот продукт – изработениот повеќејазичен речник, ќе биде презентиран во Струга.

Би можело да ве интересира

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски