Изминатите четири години вложени 73,2 милиони денари во инфраструктурата во Гевгелија

Од:

Општина Гевгелија изминативе четири години за подобрување на комуналната инфраструктура вложила 73,2 милиони денари кои биле потрошени за нови канализациски линии во повеќе населени места.

– Целосно нови канализациски мрежи добија населените места Моин и Давидово, а на повеќе гевгелиски сообраќајници кои беа реконструирани, изградивме атмоферска канализација, потврдија денеска од надлежната општинска служба од каде посочија дека најголемиот дел од средствата, околу 28,5 милиони денари биле наменети за проширување на фекалната канализација, а околу 28 милиони денари за изградба на атмосферска канализација.

Покрај ова, беше речено дека во изминатиов четиригодишен период над 15 милиони денари општината потрошила за санација, реконструкција и одржување на одводните канали и речните корита и дека во овој период комплетно бил уреден одводниот канал „Рауљ“.

Во извештајниот период биле реализирани 50 зафати за проширување на комуналната инфраструктура во општина Гевгелија финансирани со средства од општинскиот буџет и финансиска подршка од Владата на Република Македонија и ИПА грантови

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски