НДМ: Договорот СДСМ – ДУИ на увид за јавноста да види кој лаже, Груевски или Заев?

Од:

„НДМ изразува длабока загриженост од меѓупартиските обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за прашања од витален национален и државен интерес за Република Македонија.

Имено, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Заев практично се договорил со Ахмети за идентитетска промена на Македонија и Македонците со двојазичноста, промена на името, знамето, грбот и химната, додека пак, од СДСМ возвратија дека сето тоа е лага бидејќи криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ била „дефакторизирана и дека разговорите со ДУИ бле поставени исклучиво на Уставот на Македонија.

Оттука, НДМ го повикува СДСМ да го даде на увид постигнатиот договор со ДУИ, со цел, јавноста да види кој лаже и манипулира: Никола Груевски или Зоран Заев!?

На тој начин ќе се разреши дилемата, односно, доколку СДСМ нема договор со кој се загрозуваат националните и државните интереси тогаш НДМ и народот ќе им посакаат успешна работа во остварување на програмата на владата предводена од СДСМ, но, доколку произлезе дека се договорени работи за рушење на Македонија и Македонците, тогаш НДМ и народот ќе застанат во одбрана на Татковината и по секоја цена, било со ненасилни или насилни средства ќе спречат формирање влада на антимакедонски основи“ стои во соопштението на Народното Движење за Македонија.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска