„Литературниот експрес“ од Лаша Бугадзе објавен на македонски јазик

Од:

„Прозарт Медиа“ го објави преведен на македонски јазик романот „Литературниот експрес“ од грузискиот писател Лаша Бугадзе, за кој наведува дека е иронична парабола за состојбата на литературната култура, Европската унија, и нашите сопствени ситни амбиции. Романот раскажува за голема група просечни писатели поканети на семинар во специјален чартер воз, а нивното патување низ Европа е горчливо, полно со препукувања и нарцисоидност.

– Во Литературниот експрес е и еден грузиски автор чијашто љубов кон сопругата на неговиот полски преведувач изгледа проколната како и неговата надеж за интернационален успех. Уште полошо е тоа што сите писатели собрани во Литературниот експрес планираат да ја напишат нивната следна книга за патувањето со возот… Ќе може ли нашиот писател да се натпреварува? Има ли надеж за современата литература, или, со исклучок на тоа, ќе има ли надеж за неговата мала љубовна афера?, соопштува издавачот за новата книга.

Лаша Бугадзе (Тбилиси, 1977) е драмски писател, романсиер, колумнист и телевизиски и радио водител. Автор е на четири романи и на голем број театарски претстави. Неговите дела се објавувани на грузиски, руски, ерменски, француски, германски, полски и англиски јазик. Неговиот расказ „Гревовите на волкот“ беше објавен во изборот Најдобра европска проза за 2013 година. Во 2012 победил на Меѓународниот натпревар на Би-Би-Си за драмски текстови (Навигатор). Четири пати ја добил литературната награда САБА – за најдобра драма во 2004, 2009 и во 2012 и за најдобар роман во 2007 година.

Би можело да ве интересира

ДПМ во понеделник ќе ги додели традиционалните годишни награди

Михајло Свидераки добитник на наградата за проза за романот„Синовите на Адам“

Рациново признание за Фросина Пармаковска

Објавен романот за деца „Добар ден, тато“ на хрватскиот писател Стјепан Томаш

Нов роман на Фросина Пармаковска

Објавен на македонски романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур