Вејд и Батлер го предводеа Чикаго до победа против Кливленд

Од:

Шампионот во НБА лигата, Кливленд повторно е поразен. Без својот најдобар играч Леброн Џејмс, составот на Кливленд загуби на домашен терен од Чикаго со 117:99.

Џими Батлер оствари трипл-дабл од 18 поени, 10 скока и 15 асистенции, но Двеј Вејд беше вистинскиот лидер на „Булси“ до оваа победа со учинок од 20 поени, 10 асистенции и 9 скокови. Кај домаќините, воедно и на натпреварот најефикасен беше Кајри Ирвинг кој постигна 34 поени, а оствари и 9 скока.

Затоа пак Голден Стејт немаше потешкотии во дуелот со Бруклин.

Иако во тимот на „воините“ го немаше Кевин Дурант, сепак тандемот Кари-Томсон беше доволен да се порази Бруклин со 112-95 и официјално обезбеди место во плеј-офот.

Стеф Кари постигна 27 поени, а Клеј Томпсон беше стрелец на 24 поени за домашниот тим.

На останатите натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата, беа постигнати овие резултати: Орландо – Атланта 105:86, Њујорк – Филаделфија 110:109, Мајами – Индијана 113:95, Далас – Њу Орлеанс 96:83 и Хјустон – Минесота 142:130.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on