Нови петмина осомничени за обидот за преврат во Црна Гора ја признаа вината

Од:

Нови петмина српски граѓани, осомничени за обидот за преврат на денот на изборите во Црна Гора во октомври минатата година, потпишаа спогодба со црногорското Обвинителство, при што ја признаа вината, јави Танјуг.

Со спогодбата тие прифатиле да минат по пет месеци во затвор и да не ја напуштат Црна Гора до завршувањето на судскиот процес за подготвување на терористичките напади и обид за соборување на власта во Црна Гора.

На 17 февруари други тројца осомничени потпишаа спогодба со Обвинителството. Тие признаа дека биле дел од криминална организација. Според нивните искази планот бил на денот на изборите да навлезат во зградата на Парламентот и да чекаат наредба, доколку опозицискиот проруски Демократски фронт загуби на изборите.

Специјалното обвинителство на Црна Гора покрена истрага против 25 лица осомничени за членство во организирана криминална група и за подготовка на терористички напади на денот на изборите. Меѓу нив се и двајцата лидери на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, чиј пратенички имунитет беше одземен минатата недела.

Обвинителството го смета за организатор на осуетениот обид за преврат вработениот во руското воено разузнавање Едуард Шишмаков, кој користел лажен пасош под името Широков.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба