Три лица починаа од студ во последните 24 часа во Полска, каде што, во некои области, температурата била 15 степени под нулата, соопшти полската полиција.
Починале тројца мажи на возраст меѓу 35 и 87 години.
Тие починале во близина на своите домови, до кои не успеале да стигнат, поради мраз на патот.
Во првиот бран во октомври оваа година, во Полска, 14 лица ги загубија животите, а во текот на минатата зима, од снег и студ починаа 200 луѓе.