Оглас за улични музичари и артисти за Скопје

Од:

Конгресниот центар „Александар Македонски“-Скопје објавува оглас за пријавување на соло музичари, музички групи и улични артисти кои би имале свои изведби на отворено во централното градско подрачје.

Огласот е отворен до 28 февруари, во рамки на проектот „Улични музичари и артисти 2017“, под покровителство на Град Скопје.

Клучните критериуми кои ќе бидат земени предвид за ангажирање на музичари и уметници се нивото на техничката изведба, визуелната презентација и искуството во полето на улични изведби.

– Овој проект се одржува седми пат и има за цел културно заживување на духот на градот. Музичарите и артистите ќе понудат содржина која е достојна на една метропола и ќе ја надополнат и збогатат атмосферата и амбиентот на Скопје за сограѓаните и туристите, во претстојниот период, соопшти Конгресниот центар „Александар Македонски“.

Сите заинтересирани уметници за огласот и за деталите околу начинот на пријавување може да ја посетат официјалната веб-страница на ЈУ КЦ „Александар Македонски“ – Скопје http://www.kongresencentaraleksandarmakedonski.mk/

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето