Тешко повреден пешак во сообраќајка на патот Тетово -Јажинце кај Слатино

Од:

Пешак од Слатино на возраст од неполни 18 години се здобил со тешки повреди во сообраќајната несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Тетово – Јажинце во селото Слатино, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според Јосифовски, пешакот бил удрен од автомобил „Ауди“ со тетовски регистерски таблици којшто без возачка дозвола го управувал Б.С.(28) жител исто така на Слатино.

– Во несреќата пешакот задобил тешки телесни повреди на главата и градниот кош и со друго возило бил пренесен во Тетовската клиничка болница од каде по укажана лекарска помош со медицинско возило итно бил префрлен на скопските клиники. Таму е задржан за натамошно лекување и се наоѓа надвор од животна опасност, изјави Јосифовски.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид и се утврдува причината за несреќата, околностите во кои се случила и друго додека возилото е времено одземено за соодветна проверка и обработка.

Според полициската статистика, во текот на минатата година во Полошко вкупниот број на сообраќајни несреќи со пешаци изнесува 90 при што седум лица загинале, 22 се тешко, а 69 се полесно повредени.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски