Сезонава 2.971 заболен од грип во Кавадарци и Росоман

Од:

Оваа сезона на грип во Центарот за јавно здравје, подрачна единица Кавадарци регистрирани се 2.971 лице со сезонски грип, пријавени кај матичните лекари во Кавадарци и Росоман.

Специјалистот епидемиолог доктор Ристе Јовановски денеска информира дека од грипот најмногу биле зафатени лицата на возраст од 15 до 64 години.

– Се ближиме кон крајот на сезоната на грип. Во последната седмица од декември имавме 1.024 заболени со ова вирусно заболување, а сега во изминативе две седмици, само по 17 грипозни. Годинашнава вкупна бројка е поголема од минатогодишната, која изнесуваше 1.167 евидентирани лица со грип, рече Јовановски.

Тој нагласи дека можно е и понатаму да се пријавуваат случаи на сезонски грип, но, како што рече, тоа ќе биде со помал интензитет.

Би можело да ве интересира

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Две лица од Скопје и Штип починаа од грип, се зголемува бројот на заразените

Се зголемува бројот на заболени од грип

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он