Државно првенство во футсал на средношколци

Од:

Во спортската сала на СОУ „Методија Митевски – Брицо“ во Делчево попладнево започнаа натпреварите од државното првенство во футсал на кој учествуваат шест екипи од средните училишта од Македонија (две од Скопје, Струмица, Прилеп, Берово и Делчево).

– Овие натпревари се одржуваат секоја година и првпат сме во Делчево да организираме еден ваков голем настан, каде од сите средни училишта по организираните натпревари зонски, регионалните, најдобрите екипи учествуваат на државното првенство.Тука се најдобрите средношколци во овој спорт, тие се всушност нашиот подмладок и нашата идна селекција која ќе ја претставува Македонија и надвор од земјава, истакна претседателот на Федерацијата на училишни спортови Александар Туфекџиски.

Тој додаде дека Федерација организира вакви натпревари во сите спортови со поддршка од Министерството за образование и наука од Агенција за млади и спорт.

Директорката на СОУ „Методија Митевски Брицо“ Билјана Петровска истакна дека овој настан ќе даде позитивна слика и за училиштето и за градот.
– Овој настан ќе ни овозможи да го промовираме спортот и во нашето училиште и во градот и во Македонија. Навистина сме горди што сме домаќини на еден ваков настан, потенцираше Петровска.

Првенството се отвори со натпреварот меѓу екипите на СОУ „Ацо Русковски“ од Берово и ДУФК „М,М Брицо“ од Скопје, по што следува дуелот на „Никола Карев“ од Струмица и домаќинот „М.М.Брицо“ од Делчево. Свои екипи во футсал имаат и СУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје и СОУ „Ристе Ристески-Ричко“од Прилеп . Финалето ќе се одржи в сабота.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска